Се сети на поранешната сопруга: Винсент Касел со емотивна објава и го честиташе роденденот на Моника Белучи

Францускиот актер Винсент Касел реши денеска преку Инстаграм да и го честита роденденот на Моника Белучи.

Моника Белучи денеска го слави својот 60-ти роденден, а нејзиниот поранешен сопруг Винсент Касел сподели две фотографии на Инстаграм за да и го честита роденденот.

Тој првично објави приказна во која Моника во раце ја држи нивната помала ќерка Леони, додека нејзината постара ќерка Дева е потпрена во нејзиниот скут.

„Среќен роденден Моника“, напиша Касел под фотографијата.

Меѓутоа, објавувањето преку стори не било доволно, па решил на својот профил да сподели уште една фотографија со опис „семејство“. Станува збор за стара, црно-бела фотографија на која Моника и една од ќерките се гледаат во огледала.

Инаку, тие се запознале во 1996 година на снимањето на францускиот филм „L’appartement“. Тие се венчаа во 1999 година, а се разведоа во 2013 година. Заедно ги имаат ќерките Дева и Леони.

За потсетување, Моника Белучи (60) една година е во врска со режисерот Тим ​​Бартон (66), додека Винсент Касел (57) е во врска со бразилската манекенка Нара Баптиста (27), која неодамна на социјалните мрежи објави дека е бремена.