Ламбада е вкусна торта со вкус на чоколадо и портокал, која на многумина ќе им ги врати спомените од детството.
Оваа легендарна торта уживаше особена популарност во текот на 90-тите и раните 2000-ти, а за да ја спасиме од заборав, во продолжение ви претставуваме едноставен рецепт.
Состојки:
Бисквит
6 јајца
150 гр шеќер
150 гр обично брашно
0,5 кесички прашок за пециво
Желе од портокал
- 1 л сок од портокал
- 50 гр шеќер
- 3 кесички пудинг од ванила
Бел крем
- 500 мл млеко
- 50 гр шеќер
- 50 гр обично брашно
- 200 гр путер
Слој од бисквит
- 150 гр петит бисквити да се премачкаат врз желето
- 150 мл ладно млеко
Глазура
- 100 гр чоколадо за готвење
- 70 гр путер
Подготовка:
Бисквит
Одделете ги белките од жолчките. Измешајте ги жолчките и шеќерот и додадете мазно брашно измешано со прашокот за пециво. Од белките направете снег и додајте го во смесата. Печете го бисквитот на 180 степени околу 20 минути, додека не порумени.
Желе од портокал
Во сок од портокал згответе пудинг од ванила измешан со шеќер, а потоа уште топол прелијте го врз бисквитите. Оставете го целосно да се стегне.
Бел крем
Брашното и шеќерот се варат во млеко, по можност на пареа. Се остава да се излади, па се додава омекнатиот путер и се меша додека не се добие мазен крем. Намачкајте ги петит бисквитите.
Врз белиот крем наредете ги бисквитите натопени во млеко и оставете го колачот да се излади.
Завршница
Покријте ја тортата со чоколадната глазура која сте ја стопиле на пареа. Оставете го преку ноќ и дури потоа исечете.
По желба парчињата можете да ги украсите со парченце портокал, мандарина, лимон и лист нане.