Се слушале истрели пред да бидат прегазени демонстрантите? Првите слики од Минхен по драмата

Се слушале истрели пред да бидат прегазени демонстрантите? Првите слики од Минхен по драмата

Најмалку 15 лица се повредени кога автомобил Мини Купер влетал во група луѓе во Минхен, Германија . Според непотврдени информации, автомобил влетал во група демонстранти.

По инцидентот возачот е уапсен. На стампедото наводно му претходело пукање, пренесува Билд.

На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат голем број полицајци и пожарникари околу автомобилот што го предизвика инцидентот.

На фотографиите се гледаат и луѓе кои лежат на земја.

Според очевидци на местото на настанот, автомобилот намерно влетал во група луѓе на улицата.

Според Билд, се работи за Mini Cooper. Засега не е познато што му претходело на инцидентот.