Се смета за највлијателен советник на Трамп и „мозокот на администрацијата“: Колку е важно доаѓањето на Трамп Џуниор

Доналд Трамп Јуниор , син на американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска пристигна во Белград, е еден од клучните советници на неговиот татко и одигра голема улога во изборната кампања на Доналд Трамп.

Се верува дека тој ќе има клучно влијание во спроведувањето на политиките на новата американска администрација.

Доналд Трамп Јуниор е најстарото дете на американскиот претседател и е еден од членовите на семејството Трамп кој беше поактивен за време на изборната кампања.

Тој е извршен потпретседател на Организацијата Трамп, водител на подкастот „Triggered“ и во голема мера е одговорен за обезбедувањето на потпретседателската номинација на неговиот пријател Џеј-Ди Венс, сенаторот од Охајо кој еднаш го критикуваше неговиот татко.

Некои аналитичари сметаат дека Доналд Трамп помладиот би можел да биде мозокот на новата американска администрација.

Тој во моментов е највлијателниот советник, а во САД се споменува и можноста тој да биде претседателски кандидат, со оглед на тоа што Доналд Трамп според Уставот не може да се кандидира на претседателските избори во 2028 година.

Доналд Трамп Јуниор го советувал својот татко кога се во прашање членовите на новиот кабинет.

Тој беше оженет со Ванеса Трамп и има пет деца.

Доналд Трамп Помладиот често го критикува украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.