Безбедносните камери го снимија моментот пред да потоне британската јахта кај брегот на Сицилија во Италија.
Камерата која се наоѓала недалеку од луксузниот брод што потона, ги прикажува застрашувачките моменти додека тоне на Сицилија, пренесува Телеграф.
Според сведок, се се случило во рок од 60 секунди, пишува италијанската новинска агенција АНСА.
„Можете јасно да видите што се случи. Ништо не можеше да се направи за да се спаси јахтата. Тоа се случи за кратко време“, додаде сведокот.
Италијанската крајбрежна стража досега успеа да го пронајде мртвото тело на канадскиот готвач Рекалдо Томас.
Уште шест лица се водат како исчезнати, меѓу кои и сопственикот на јахтата, британскиот тајкун Мајк Линч и неговата 18-годишна ќерка Хана.
CCTV captures £30m Bayesian superyacht sinking “in 60 seconds” off #Sicily coast during storm
— True Crime Updates (@TrueCrimeUpdat) August 20, 2024
6 missing, including British tech tycoon Mike Lynch, his daughter & Morgan Stanley boss
Yacht struck by waterspout at 5am Monday. Rescue efforts hampered by depth & debris 🙏 pic.twitter.com/NKhRg4md0z