Наѓа ја запали Доминиканската Република.
Српската пејачка Наѓа Голубовиќ важи за една од најатрактивните дами на српската јавна сцена, а на социјалните мрежи често објавува провокативни фотографии.
Таа неодамна престојуваше во Доминиканската Република, од каде објави фотографии во костим за капење, а во таа прилика покажа извајана фигура на која и позавидуваат двојно помладите колешки.
Имено, Наѓа позираше во розов костим за капење, на неа се беше оцртано, а длабокото деколте ја откри нејзината бујна биста.
За нејзиниот изглед немаше коментари, а многумина го коментираа нејзиниот костим за капење кој за малку не откри премногу.
Да потсетиме, Голубовиќ во јавноста стана позната по учеството на музичкиот натпревар Пинкове звезда (2 сезони), по што беше забележана благодарение на нејзиниот неверојатен глас и феноменалните изведби.
Таа е една од најбараните пејачки од домашната сцена, која никого не остава рамнодушен.
Наѓа има настапувано со многу пејачи, а една од нив е Цеца Ражнатовиќ со која настапи во Грција на приватна прослава на Огњен Врањеш, како и со многу други пејачи од домашната сцена.
Наѓа Голубовиќ сними неколку кавери на најпопуларните песни од нашите краишта, а некои од нив се „Забранет град“ на Цеца Ражнатовиќ, „Љубе се добри, лоши, зли“ на групата Магазин и песната „Фрка“ која сите ја знаат како хит на групата “Nipplepeople”