Руски воен авион Су-34 се урна во планинскиот регион на Северна Осетија, при што загина екипажот.
Ова денеска го соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Киев Индипендент пишува дека авионот бил на редовен тренинг лет.
Првите податоци до кои дојде руското Министерство покажуваат дека падот на авионот е предизвикан од техничка грешка.
На рускиот Телеграмски канал Меш беше објавено дека локалното население синоќа слушнало експлозија во близина на селото Горњи Џуарикау во Северна Осетија.
Су-34 е ловец-бомбардер со среден дострел од советската ера.
Во текот на оваа пролет, украинската армија во неколку наврати објави дека ги соборила овие летала.