Се топи во уста! Одлична чорба од печурки, готова за само неколку минути

Неколку печурки, моркови и уште неколку зеленчуци ќе бидат доволни за да ја направите оваа вкусна чорба.

Со оглед на тоа што ни претстои постудено време, нешто во што сите ќе уживаат тогаш е вкусната чорба од зеленчук .

Потребно:

250 грама печурки

1 морков

1 црвена пиперка

1 зелена пиперка

1 кромид

1-2 чешниња лук

1 лажица полна брашно

1 лажица путер

3 супени лажици маслиново масло

4,5-5 чаши топла вода

1 чаша топло млеко

Свежо сецкан копар или магдонос

сол и црн пипер

Зачини за зеленчук (по избор)

Подготовка:

Морковот, црвената и зелената пиперка, кромидот и лукот исечкајте ги многу ситно. Во соодветна тава загрејте ги маслиновото масло и путерот, пржете ги кромидот и лукот една минута, а потоа додадете го сечканиот морков и пржете 2 минути. Потоа додадете ги печурките и пржете 2 до 3 минути, а на крај пиперките и пржете заедно половина минута. Додадете брашно и пржете со зеленчукот една минута, а потоа додадете зовриена вода. Гответе 10 минути мешајќи од време на време, а на крајот од готвењето малку намалете ја температурата, додадете 1 чаша топло млеко, сол, бибер и копар или магдонос, исклучете го шпоретот. Оставете да отстои 10 минути, а потоа послужете.