СЕ ТРЕСЕ АТИНА! Силен земјотрес го погоди југот на Грција

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска во 19 часот и 5 минути по локално време го погоди југот на Грција.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на 71 километар јужно од Атина.

Геодинамичкиот институт на Грција соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, на 39 километри од островот Китнос.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 31 километар.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Грцијаземјотрес