Се тресе Балканот! Црвена Звезда го купува капитенот на Динамо Загреб, омилениот играч на Бед Блу Бојс-те пристигнува на Маракана!?

Последен играч кој Динамо направи трансфер во Црвена Звезда е легендарниот Роберт Просинечки, далечната 1987 година.

– Летово се подготвува балканска трансфер бомба. Поранешниот европски шампион се распрашува за Стефан Ристовски, бекот на Северна Македонија и Динамо. Според нашите информации, Ристовски е голема желба на Звезда, која составува тим за настап во Лигата на шампионите – пишува Србија Данас повикувајќи се на пишувањето на македонскиот СпортСпорт и додава:

-Тоа би била бомба која ќе одекне од Загреб до Белград, па дури и до Скопје. Ќе се затресе целиот регион. Ристовски е познат како еден од милениците на Бад Блу Бојс, а со оглед на тоа што има 32 години би можел да додаде дека го носел дресот на уште еден гигант во својата голема кариера. Досега има настапувано за Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина, Риека, Спортинг Лисабон и Динамо“.

Ристовски најдолго во кариерата остана во Динамо, за кој досега собра 146 настапи, на кои постигна пет и постави 15 гола, а стигна да биде и еден од капитените на тимот од Загреб.

За репрезентацијата на Северна Македонија одигра 82 натпревари и постигна два гола.