Се тресе фудбалскиот свет! Допингуван фудбалер кој го освои Мундијалот со Аргентина! Ова е неговата шокантна исповед

Алехандро Гомез беше дел од аргентинската репрезентација која е актуелен светски шампион, а две години по големиот успех се наоѓа во тешка ситуација.

Популарниот Папу моментално отслужува суспензија поради позитивен резултат на допинг тестот.

Офанзивниот играч за врска дозна дека добил позитивен резултат два дена пред финалето на Светското првенство во Катар во декември 2022 година .

„Добив е-пошта два дена пред финалето против Франција дека сум позитивен – паднв”, рече тој.

Гомез додаде дека на ниту еден од соиграчите не им ги кажал информациите што ги дознал.

„Не сакав да кажам никому затоа што не сакав луѓето да бидат „некаде на друго место“ освен во финалето на Светското првенство. Ми се чинеше многу себично да отидам и да им кажам нешто толку грдо на момците кои требаше да играат во финалето”.

Подоцна беше суспендиран на две години, но иако во февруари ќе наполни 37 години, тој планира да му се врати на фудбалот. Моментално тренира во Италија со екипа од Серија Ц.

„Почнувам повторно. Да бидам аматер, момче кое сака да дебитира во првата дивизија. Морам да прифатам дека можеби доаѓа крајот и сега сум обичен човек. Работиме на его… Не со Папу, туку со Алехандро, а исто така се навикнав да не ме вика никој откако станав светски шампион“, изјави Папу Гомез.