Авионот се урнал во планините на крајниот север, а се вели дека е Фалкон 10, кој е регистриран во Русија
Полицијата во северен Авганистан добила извештаи за авионска несреќа во провинцијата Бадакшан во текот на ноќта.
Авионот се урнал во планините на крајниот север.
Засега нема официјални информации за типот на авионот, причината за падот или потенцијалните жртви.
Некои медиуми објавија дека неименувани талибански претставници изјавиле дека се работи за патнички авион од Индија. Меѓутоа, тамошната авиокомпанија наведува дека нивните авиони не летаат на таа рута.
Тогаш се појави информација дека се работи за Falcon 10, кој е регистриран во Русија.
Наводно, авионот престанал да комуницира во текот на ноќта, а потоа исчезнал од радарот.
Според првичните информации, во леталото имало шест лица – четворица членови на екипажот и двајца патници.