Се урна авион во Србија, загина пилотот

 – Во Батајница, Србија, се урна авион со кој управувал сопственикот на леталото, а неговото тело е пронајдено во поле со пченка.

Како што наведуваат српските медиуми, авионот полетал од аеродромот „13 Мај“, но потоа паднал во поле и се запалил.

Се додава дека пилотот полетал затоа што сакал да провери нешто на авионот, но набрзо јавил дека не му работат командите.

Уривањето на малиот авион во близина на клучката кај Батајница е пријавено во полиција околу пладне.

По падот на авионот, од полето со пченка се проширил чад, а полицијата се упатила кон локацијата да изврши увид, јавуваат локалните медиуми.