Шест лица, меѓу кои двајца пожарникари, се повредени откако денеска се запали горниот дел на градежен кран и се урна на 10-та авенија на Менхетен, соопштија властите.
Пожарникарите и спасувачите пристигнале на местото на несреќата по дојава дека избувнал пожар во кабината на кранот, по што тој паднал.
Несреќата се случила во њујоршкиот кварт Менхетен, во близина на комплексот Хадсон Јардс, соопшти полицијата.
Полицијата ги повика луѓето да ја напуштат областа.
Околните улици се блокирани, а сообраќајот низ блискиот тунел Линколн до Њу Џерси е отежнат.
Работник во кабината на кранот се обидел да го изгасне пожарот, но топлината го стопила кабелот што го потпира кракот на кранот, поради што тој паднал.
Кранот се наоѓал на 45-катница во изградба и во тој момент пренесувал 16 тони бетон.