На Крим се урна мостот меѓу селата
Изумрудноје и
Маслово, објави руското Министерство за вонредни ситуации на својот канал
Телеграм.
„Во моментот на инцидентот на мостот имало патнички автомобил и камион. Припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации ги ослободиле двајцата повредени“, се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека урнатиот мост се наоѓа над железничката пруга.
Едната од жртвите е хоспитализирана и е во тешка состојба, додека на другата и е укажана помош во Брза помош.
Истражниот одбор соопшти дека мостот се урнал кога преоптоварен камион поминал преку него, а Русија вели дека е покрената истрага.