СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР НА ПОЗНАТ ГРЧКИ ОСТРОВ! Тој изгубил рамнотежа и паднал на земја

При падот на хеликоптерот немало пожар, а сите пет патници се здобиле само со полесни повреди.

Приватен хеликоптер се урна денеска на островот Самос, а сите пет лица во него се безбедни.

Несреќата се случила кога хеликоптерот, кој слетал на Самос за да наполни гориво на пат кон Турција , изгубил рамнотежа и паднал на земја на мала височина, пренесува Катимерини.

Според ЕРТ, немало пожар , а сите пет патници се здобиле само со полесни повреди.