Милијардерот Владимир Ковар, основач на чешката софтверска компанија „Уникорн“, е повреден кога неговиот хеликоптер се урнал во Чешка, во близина на селото Храдецко.
Несреќата се случила во саботата, а Владимир, за среќа, се спасил со полесни повреди. Според прелиминарните наоди на истражителите, причина за несреќата било неконтролирано пилотирање при слетувањето, пренесува Novinky.cz.
Владимир Ковар, кој беше рангиран од магазинот Форбс како еден од 100-те најбогати Чеси, има пилотска дозвола и основаше школа за обука на пилоти на хеликоптери . Несреќата се случила непосредно пред слетувањето.
– Му недостигаше брзина на одредена висина. Во тој момент повеќе не можело да се направи ништо и леталото се урнало на земја. Тоа беше грешка што можеше да се случи. Секундите беа одлучувачки овде. Не стануваше збор за недисциплина – изјави Јозеф Бејдак, заменик директор на Управата за истражување на причините за авионски несреќи.
FOTO: Ve vrtulníku, který se zřítil na Plzeňsku, seděl miliardář Vladimír Kovář, je zraněnýhttps://t.co/YVCDilWTC7
— ČRzprávy (@CRzpravy) April 13, 2025
Портпаролката на полицијата Барбара Шматерова изјави дека 62-годишниот пилот бил негативен на алкотестот.
Брза помош го пренела Ковар во Универзитетската болница во Пилсен. Во неделата директорот на болницата Милан Немец за Новинки потврди дека пациентот е хоспитализиран на ортопедскиот оддел.
Vladimír Kovář, 36. nejbohatší Čech
— weblog20.substack.com (@weblog20) April 4, 2023
Zčistajasna jedna z jeho desítek firem skončila v insolvenci s nedobytnými dluhy ve výši 1,95mld Kč 😭 Více ve vláknu pic.twitter.com/AmjMuoJkWo
– Тој беше подложен на едноставна медицинска процедура и неговата состојба не е сериозна – изјави Немец.
Хеликоптерот се урнал во поле, на околу 20 метри од патот. Според портпаролот на регионалната служба за итни случаи, Мартин Штепан, пилотот цело време бил свесен.
– Имаше полесни повреди на долните екстремитети. Поради карактерот на механизмот на повредата со хеликоптер е пренесен во медицинска установа – прецизира Штепан.
Богатството на Владимир Ковар се проценува на повеќе од осум милијарди чешки круни.