Американскиот актер Дик Ван Дајк и Арлин Силвер (51) се во среќен брак од 2012 година, иако на почетокот се плашел дека таа се омажила за него само за пари.
Холивудскиот ветеран Дик Ван Дајк, кој треба да го прослави својот 98-ми роденден подоцна оваа година, откри кои четири работи му помагаат да се одржи во живот.
Фактот дека се чувствува фантастично на 97 години, тој го припиша на неговите добри гени, а исто така истакна дека неговата 51-годишна сопруга Арлин Силвер е клучен фактор за тоа.
-Ми помага тоа што имам убава сопруга која е половина од моите години и се грижи за мене, вели актерот за својата сопруга со која е во брак 11 години.
Нагласи дека е важно и да биде позитивен, на што, вели, сопругата го научила, но не го изоставува и вежбањето.
- Ја напишав книгата „Продолжи да се движиш“. Сè уште одам во теретана три дена во неделата и вежбам. На сите им советувам да го направат тоа. Вежбањето е одговорот, објаснува Ван Дајк, кој се занимава со аеробик на вода, крева тегови и оди на лента за трчање.
Во интервју за Closer, тој зборуваше за врската со сопругата, која првпат ја запозна на церемонијата на доделување награди во 2007 година, кога тој имаше 81 година, а таа 35.
– Го делиме истиот став, таа сака да пее и танцува, што го правиме речиси секој ден. Таа е едноставно прекрасна, вели тој, притоа признавајќи дека на почетокот бил загрижен дека многу луѓе ќе помислат дека таа се омажила за него само поради парите, но бил благодарен што никој не го кажал тоа мислење.
Неодамна се појави во емисијата „Маскирани пејачи“ каде целосно ги воодушеви судиите.
– Те сакам многу, те сакаме, цел свет те сака толку многу. Чест е што те имаме во нашето шоу, го пофали пејачката Никол Шерцингер.