Од петок, 24 јануари, низ Србија ќе почнат да се одржуваат големи собири на кои ќе говорат истакнати професори, работници, земјоделци…
Ќе им се придружи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ , кој ќе разговара со нив во секој град и село, потврди српски Курир.
За името на движењето ќе одлучуваат самите граѓани преку социјалните мрежи.
Формирањето на движењето треба да го заврши Видовдан, а се предвидува дека ќе биде најважниот политички субјект на српската политичка сцена.
Според информациите, се очекува учество на голем број луѓе кои сè уште не учествувале во политичкиот живот во Србија .
Се очекува и претседателот Вучиќ наскоро да соопшти во кој град ќе се одржи првата средба.