Се чини дека најголем противник на Ѓоковиќ е Горан Иванишевиќ

Горан Иванишевиќ е тренер на Новак Ѓоковиќ од 2019 година. Тоа беше седми тренерски трофеј за Горан на Грен слем турнирите со Ѓоковиќ, а има уште еден со Чилиќ.

Минатиот викенд Новак Ѓоковиќ убедливо го освои Австралија опен откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови. Тоа е рекордна 10-та титула на Австралија опен за Ѓоковиќ и 22-та Гренд слем титула, изедначувајќи се со Рафа Надал. Исто така, Ѓоковиќ во понеделник ќе се врати на врвот на АТП-листата.

Ѓоковиќ славеше во Мелбурн во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021. По минатогодишната депортација, тој одржа серија непоразени низи на терените на Мелбур. Таа серија сега изнесува рекордни 28 натпревари, а неговиот последен пораз беше во четвртото коло во 2018 година, кога беше поразен од Јужнокорејецот Хјеон Чунг. Покрај десет титули на Австралија опен , Ѓоковиќ има и седум титули на Вимблдон, три на УС Опен и две на Ролан Гарос.

Српската ѕвезда и минатогодишен победник Надал има две титули пред Швајцарецот Роџер Федерер на листата на грен слем титули. По Американецот Пит Сампрас по бројот на успеси на Грен слем со 14 титули.

Андреа Петковиќ, поранешна германска тенисерка родена во Тузла, го коментираше неговиот успех .

„Понекогаш се чини дека негов најголем противник е… Горан (Иванишевиќ) Што мислите вие?“, напиша Петковиќ и додаде:

Борис Бекер неодамна ми кажа нешто многу интересно: „ Тој е како вода, никогаш не можеш да го фатиш“. Фасцинантно е да се гледа со текот на годините. Да, тој очигледно е ментално силен, физички подготвен, итн, итн… Но, тоа е способноста за прилагодување што прави речиси непобедлива, бидејќи како противник никогаш не знаеш каква ќе биде другата страна на мрежата во одреден момент“.

Инаку, Горан Иванишевиќ е тренер на Новак Ѓоковиќ од 2019 година. А за Горан тоа беше седми тренерски трофеј на Грен слем турнирите со Ѓоковиќ, а има уште еден со Чилиќ.