Ако сте присутни на социјалните мрежи, сигурно сте го виделе најновиот кујнски трик – замрзнување на коцки лук. Потребно е само многу лук, а некои велат дека го олеснува готвењето и заштедува време.
Во многу видеа ќе видите како луѓето користат веќе излупен лук од кесичка, но ни е драго што на овие простори сè уште имаме среќа што лукот се уште се купува во неговото природно пакување – лушпата, па ќе мора да соберете силата да го исчистите ако одлучите да го пробајте овој вирален трик.
После тоа, постапката е многу едноставна – ставете го лукот во повеќенаменски процесор за храна и исечкајте го на мали парчиња, а потоа префрлете го во зип кеса. Внимателно израмнете со раце или со сукало, затворете ја кесата да не остане воздух внатре и со тапата страна на ножот „исцртувајте“ коцки со саканата големина.
Замрзнувате и тоа е сета мудрост. Секако, доколку немате сецко, ќе биде доста заморно и одзема многу време за да ситно исецкате голема количина лук.
Што мислиме за овој трик? Не е лош, но не би го исецкале лукот однапред и не би го замрзнале доколку не е потребно. Сеедно, овој трик дефинитивно би го користеле доколку имаме голема количина лук што би било невозможно да се конзумира во одреден временски период без да почне да скапува.