Необичната и по малку застрашувачка појава е фатена на камера, а неверојатната снимка крие смртоносна тајна.
Она што на прв поглед изгледа како некаков вид торнадо, всушност е мраз снимен под морето на Антарктикот.
Извитканиот мраз се спушта сè до морското дно, каде што се расфрлани стотици морски ѕвезди и други морски суштества.
Овој феномен е неверојатно опасен и е наречен „леден прст на смртта“.
Мразот се замрзнува и убива сѐ околу себе кога ќе го допре морското дно, односно е сталактит кој го замрзнува морскиот свет, пишува BBC.
Врелата морска топлина излегува од мразот и доаѓа во контакт со леденото студено море. Така солената вода се стврднува на површината и го формира овој огромен сталактит.
Гледачите се воодушевени од необичната снимка:
„Тоа е како многу бавна молња под вода“, вели еден коментар.
„Лудо е како нешто на Антарктикот може да ги убие сите околу него само со допирање на земјата. Навистина кул“, гласи друг.