Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година имало алармантно зголемување на случаите на сипаници во Европа, каде биле регистрирани триесет пати повеќе од претходната година, јавува Би-би-си.
Здравствените власти предупредуваат дека случаите се зголемуваат, а потребни се итни мерки за да се спречи ова ширење.
Во 2023 година биле заразени над 30 илјади луѓе, за разлика од 2022 година кога биле регистрирани 941 случај.
СЗО смета дека главната причина е што децата биле помалку вакцинирани против оваа болест за време на пандемијата COVID-19.
„Видовме не само 30 пати повеќе случаи туку и над 21 илјада хоспитализирани и пет случаи на смртни случаи од сипаници. Тоа е загрижувачко“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
„Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од која било потенцијално опасна болест“, додаде Клуге.