Покрај војната, Украина се соочува и со нов голем проблем.
На овој проблем предупредува и Светската здравствена организација (СЗО), а се работи за нагло зголемување на инфекциите поради отпорност на антибиотици. Болниците и здравствените установи ширум земјата забележаа силен пораст на инфекции во последниве недели, поради што СЗО и Центарот за контрола на болести на САД (ЦДЦ) го предупредија Киев дека избувнувањето е потенцијална глобална закана.
„Ова е криза која бара итен одговор, дури и за време на конфликтот, бидејќи слично искуство од другите воени зони не научи дека доцна реакција на закана од овој тип може да има крајно негативни долгорочни последици не само за локалните цивили, но и за целиот свет“, пишува во отвореното писмо од надлежните институции.
За што всушност се работи ?
Украинските службеници на Институтот за јавно здравје спроведоа истражување во три регионални болници – Трнопоље, Хмелницки и Виниција во Украина. Од 353 прегледани пациенти, кај 50 од нив, односно 14 отсто, испитувачите откриле инфекции кои ги стекнале за време на престојот во здравствените установи.
Од заразените пациенти, дури 60 проценти имале патоген отпорен на широк спектар на лекови. За споредба, пред војната трендот беше околу шест проценти. Со прелиминарното откривање на проблемот се идентификувани низа недостатоци, од хигиената на рацете на здравствените работници кои лекуваат рани добиени на бојното поле, до „повеќе предизвици“ во опремувањето на лабораториите и операционите сали. Исто така, проценката за биосигурност е на „потоптимално ниво“.
Во специјален извештај од ЦДЦ од август се наведува дека само кај еден украински пациент биле пронајдени дури шест одделни бактерии отпорни на лекови. Светската здравствена организација предупредува дека сметаат дека ваквите инфекции се една од најголемите закани за глобалното јавно здравје. Имено, според податоците од 2019 година, повеќе од милион луѓе ширум светот починале поради тоа.