СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО БОСНА: Почувствуван во Црна Гора и Хрватска!

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди областа кај Метковиќ во Хрватска, а според официјалните информации е почувствуван и во областа Неум како и во Херцеговина.

Според податоците на EMSC, земјотресот се случил на 48 километри јужно од Мостар или 13 километри јужно од Метковиќ во Хрватска.

Според граѓаните кои живеат во оваа област, земјотресот бил почувствуван неколку секунди.

„Силно и кратко“, „Прво се слушна благо тресење, па добро се затресе“, „Се тресеше 5-6 секунди“, се само дел од коментарите.

Според информации од граѓани, земјотресот бил почувствуван и во други делови на Херцеговина, поточно во Љубушки и Чапљина, а пријавиле и граѓани кои во моментов престојуваат во Пељешац.

„Сресер, полуостров Пељешац. Имаше многу силен татнеж, како многу силен удар. Засега се е во ред“, вели еден од граѓаните.

Официјалните податоци покажуваат дека земјотресот се случил на длабочина од шест километри, а засега нема информации за материјална штета.

Корисниците од Неум рекоа дека „страшно се потресе“, а дури и граѓаните на Хрватска и Црна Гора рекоа дека се почувствувало.