Европските власти издадоа предупредување за цунами откако земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди брегот на Крит во Грција.
Познато е дека земјотресот го погодил северниот дел од островот Крит.
Епицентарот бил на море 58 километри североисточно од Елунда, со длабочина од 69 километри, според Геолошкиот завод на САД, пишуваат странските медиуми , според Телеграф.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) издаде предупредување за цунами и ги упати луѓето во Грција, Турција, Италија, Франција и Португалија кај нивните локални власти за ажурирања.
Според извештаите, потресите биле почувствувани низ Егејското Море, вклучувајќи делови од Турција и Израел.
Грчката противпожарна бригада соопшти дека сите нејзини сили се во состојба на зголемена готовност низ целиот Крит, иако додаде дека досега не добиле никакви повици за помош.
Инаку, овој потрес доаѓа по сличен земјотрес со јачина од 6,1 степени што го погоди пред само една недела во близина на островот Касос, покрај јужниот брег на Грција.