Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди областа Хиндукуш во Авганистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки ГФЗ.
Како што беше соопштено, земјотресот се случил на длабочина од 195 километри, се наведува во соопштението на ГФЗ, пишува британскиот весник The Telegraph.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.