Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени ја потресе Хрватска, почувствуван и во Босна и Херцеговина

Силен земјотрес со јачина од пет до 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа околу Задар во Хрватска, а земјотресот беше почувствуван и во Босна и Херцеговина.

Според веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од еден километар, а епицентарот бил на 14 километри од градот Поседарје.

Земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина, најмногу на северот и западот на БиХ, поточно во областите на Бихаќ, Босанска Крупа, Приједор и Бања Лука, а дел од граѓаните јавуваат дека послаб земјотрес почувствувале и во Зеница, Мостар и Сараево.

Хрватските граѓани, особено оние од областа Задар, посилно го почувствувале земјотресот од жителите на Босна и Херцеговина, наведувајќи дека тој траел подолго.