Централните делови на САД ги погоди земјотрес што се почувствува во неколку американски држави. Националниот парк Јелоустоун го потресе земјотрес, предизвикувајќи стравувања дека супервулкан во националниот парк би можел повторно да се разбуди.
Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS) откри земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала во вторникот во 20 часот по средноевропско време во близина на басенот Норис Гејзер, за кој се верува дека е дел од вулканот Јелоустоун.
Сеизмичка активност беше почувствувана во делови од Ајдахо, Монтана и западен Вајоминг. УСГС објави три последователни потреси со јачина од 1,0 до 3,7 степени за неколку часа од првиот земјотрес.
Јелоустоун е дом на супервулкан кој последен пат еруптирал пред 70.000 години.
– Земјотресот е типичен за регионот Јелоустоун и не е знак за значителни опасности – објави USGS.
Басенот Норис гејзер се наоѓа на пресекот на две раседи кои се протегаат една до друга, што ги објаснува честите земјотреси.
Најголемиот земјотрес што ја погодил областа бил во 1975 година со јачина од 6 степени, но USGS објави дека има мала штета, нема повредени и нема вулканска ерупција.
Националниот парк Јелоустоун се наоѓа во северозападниот дел на Вајоминг и е дом на гејзери, отвори за пареа и базени со врела вода. На повеќе од 5.500 квадратни километри, паркот е поголем од државите Род Ајленд и Делавер заедно.
Поголемиот дел од паркот е во Вајоминг, но делови од паркот се наоѓаат во Монтана и Ајдахо. Норис гејзерскиот басен се наоѓа во северозападниот дел на Вајоминг. Десетици луѓе испратија извештаи за потреси до USGS по земјотресот во средата рано наутро.
Научниците кои го истражуваат супервулканот Јелоустоун, овој месец открија движење длабоко во кратерот, предизвикувајќи стравувања дека заспаниот џин може да еруптира.
Вулканот, кој се наоѓа под Националниот парк Јелоустоун во Вајоминг, е способен да произведе разорна ерупција со јачина од 8 степени.
Истражувачите кои го анализираа кратерот или калдерата на супервулканот, открија дека магмата внатре се движи кон североисток, поместувајќи ја концентрацијата на вулканска активност со неа.