Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денеска нешто пред пладне по локално време.
„Прототема“ наведува дека епицентарот на земјотресот бил во близина на островот Наксос, кој се наоѓа во јужниот дел на Егејското Море, а бил почувствуван и на полуостровот Атика, каде се наоѓа главниот град Атина.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, се наведува дека локацијата на земјотресот е во морската област североисточно од Наксос и на околу 180 километри од грчката престолнина.