Силен земјотрес ја погоди Грција!

Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Атина

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Егејското Море.

Епицентарот бил на 22 километри од Кими на длабочина од десет километри.

Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Атина.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.