СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА – Место кое е веќе уништено повторно на удар

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди турскиот регион Кахраманмарас, место кое претрпе разорен земјотрес претходно оваа година.

Според информациите од турските медиуми, земјотресот е регистриран е во 11:58 часот по локално време.

Како што соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), регистриран е земјотрес со јачина од 4,1 степени, а епицентарот бил во населбата Нурхак во Кахраманмарас.

Земјотресот се случил на длабочина од 6,99 километри.

земјотресТурција