Четири лица загинаа во експлозија во Бејрут. Хамас потврди дека во експлозијата загинал заменик-шефот на групата, Салех ал-Арури.
Салех ал-Арури беше заменик-шеф на политичката канцеларија на Хамас, а беше вклучен и во воени работи.
Цел на експлозијата била канцеларијата на Хамас во предградие на југот на либанската престолнина, јавуваат либанските државни медиуми, пренесува BBC.
Експлозијата била пријавена во Дахије, кварт поврзан со Хезболах, сојузник на Хамас.
Либанските државни медиуми наведуваат дека експлозијата била предизвикана од напад на израелско беспилотно летало врз канцеларија на Хамас. Наводно, неколку лица се ранети.