Силни турбуленции за време на летот Лондон-Сингапур, едно лице загина, а над 30 се повредени

Едно лице го загуби животот, а над 30 други се повредени, за време на летот на Сингапур Ерлајнс кој патувал од Лондон и бил погоден од турбуленции.

Станува збор за авионот Боинг 777-300ER кој се упатил кон Бангкок каде слетал, пренесува Телеграф.

SQ 321 превезувал 211 патници и 18 членови на екипажот.

„Сингапур ерлајнс изразува најдлабоко сочувство до семејството погодено од овој инцидент“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Тие исто така додадоа дека работат со тајландските власти за да им пружат медицинска помош на патниците.

Тајландските власти испратија амбулантни возила и екипи за итни случаи на аеродромот Суварнабхуми.

Но, останува нејасно што точно се случило во авионот за време на летот.

Турбуленцијата е факт на летање – сепак сериозни инциденти како овој се ретки, а турбулентниот лет обично не е причина за грижа.