СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО БОСНА: Летеле покриви, снемало струја, ветерот соборил камион

Невреме со силен ветер во текот на ноќта погоди делови од Босна и Херцеговина.

Тешко е погодена општината Кључ во Федерацијата Босна и Херцеговина, каде ветрот го отфрли покривот на едно училиште.

Бурниот ветер го зафати и Жепче во централна Босна и целата општина синоќа остана без струја, а болницата исто така без голем дел од покривот.