Силно невреме на југот на Србија, затворен тунел на автопатот

Силно невреме зафати денес делови од Србија, а најдраматично било на југот на соседната земја.

На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа водопад од каллива вода како се слева од ридовите кон автопатот, пренесуваат српските медиуми.

Возачите биле известени дека поради временската непогода ќе биде затворен тунелот Предејане, поточно десната цевка на тунелот, во насока кон Врање, но и дел од автопатот поради големо количество вода.