Силно невреме погоди делови од Хрватска: Уништена хотелска тераса, поплавени патишта, останаа и без електрична енергија

Силно невреме проследено со грмотевици, дожд и ветер денес погоди многу делови од Хрватска. Според првичните информации, нема повредени.

Центарот на Осиечката жупанија примил 80 повици поврзани со паднати дрвја, далноводи или куќи. Во Пожешко-славонската жупанија се случија неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија поради грмотевици.

ВИДЕО

Невремето откорна неколку дрвја во близина на хотелот „Матера“ во Чепин и предизвика штета на терасата.

ВИДЕО

„Сите гости и вработени се безбедни, а хотелот продолжува да работи. Нашиот тим веќе ги елиминира последиците и преземаме сите мерки за да обезбедиме услугите за гостите да останат непрекинати“, соопшти компанијата.

Трамваите во Осиек исто така не сообраќаа поради невремето, а во Давор се запали покрив по удар од гром.