Две лица го загубија животот во страшното невреме што ја зафати Бугарија, предизвикувајќи големи штети во централниот и источниот дел на земјата.
Торнадото го погоди североисточниот дел на Бугарија, во градот Дулово, а невреме е забележано и во други делови од земјата.
This video from close range shows the moment the #tornado impacted the town of #Lavino! There is no information on possible injuries or casualties right now. #EUwx
— Weather Track EU (@weathertrackeu) November 4, 2023
Video can be found here: https://t.co/tv6KczWVNq https://t.co/M26qFaxJEY pic.twitter.com/xTrBmeizHJ
Според информациите, еден маж починал на лице место кога бил затрупан од урнат ѕид во селото Развигорово, додека се верува дека друг починал откако згазнал на скинат електричен кабел. Во селото Лавино торнадото однесе покриви од над 150 куќи и остави 11 села без струја. Во Шумен дрво паднало врз 66-годишна жена, која успешно била спасена и со тешки повреди пренесена во болница.
Ова невреме не ја заобиколи ниту Грција, каде исто така е забележано торнадо кое минува низ градот и превртува автомобили. Според медиумите, ваквите катастрофи се резултат на влажна и нестабилна воздушна маса која доаѓа од морето, во комбинација со силни ветрови во тропосферата. Доаѓањето на воздушна маса од запад дополнително придонесе за активирање на овие бури.
Damage has been reported in #Lavino, #Bulgaria, after the town was hit by a #tornado earlier! There appears to be strong damage, but of course it is too early to speculate about a rating. Bulgaria saw their last significant tornado (F2+) in 2008. pic.twitter.com/1A5XU0Zp7K
— Weather Track EU (@weathertrackeu) November 4, 2023
Жителите на смолското село Катраница опишуваат страшни сцени кога силен ветер ги однел покривите и ги оштетил прозорците на куќите.
Жителите на ова село се обиделе со помош на пожарникари и меѓусебна солидарност да ја санираат штетата, но се уште се без струја.