Најмалку 11 лица загинаа, а многу се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас, Оклахома и Арканзас.
Шерифот на округот Тексас Кук, Реј Сапингтон, изјавил дека најмалку седум лица загинале во тој округ, меѓу кои две деца на возраст од две и пет години, пренесува АП.
Торнадото предизвика штета на автопатот што ги поврзува Тексас и Оклахома, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја, пренесува Ројтерс.
Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени, соопштија локалните власти.
Невремето предизвика штета и во градот Клермор, Оклахома, каде урна далноводи, корнеше дрвја и блокираше патишта, соопшти полицијата.
Топлотен бран го зафати југот на Тексас, каде за викендот на некои места се предвидуваат температури и до 49 Целзиусови степени.
Insanely wild footage of car inside the Sanger / Valley View Texas tornado that happened tonight (May 25th 2024).
— ✞ Gabriel ✞ (@gabrielhaynes) May 26, 2024
Video credit: Valenia Gill pic.twitter.com/ol0cmj8Vds