Извештаите за обемот на штетите се уште пристигнуваат
Две лица загинаа во страшното невреме што ја зафати Бугарија.
Во централниот и источниот дел на Бугарија за месец ноември е забележано невообичаено силно невреме, а на североистокот од земјата е забележано торнадо кое предизвика големи штети во градот Дулово. Извештаите за обемот на штетите се уште пристигнуваат.
Едниот маж починал на лице место откако бил затрупан од урнатиот ѕид на имотот во селото Развигорово во Шуманско, додека другиот, како што се претпоставува, згазил на отсечен електричен кабел.
Во селото Лавино Исперис, торнадото однесе покриви од над 150 куќи и остави 11 села без струја.
Силно невреме во Шумен урна дрво кое зароби 66-годишна жена. Спасувачките екипи успеале да ја ослободат жената и таа била хоспитализирана со скршеница на ‘рбетот, како и со дислоциран зглоб и скршеница на десната нога.
На 10 километри од Силистра е забележано торнадо.
-Торнадо е забележано и во североисточна Грција, минувајќи низ градот и превртувајќи автомобили. Ваквите бури се резултат на приливот на влажна и нестабилна воздушна маса од морето длабоко во земјата на источниот Балкан, во комбинација со екстремно силни ветрови во тропосферата. Напредувањето на долината од запад послужи како механизам за активирање на овие катастрофи. – пренесува Хаилз Србија.
„Тоа траеше 30 минути и беше страшно“
Силен ветер пропратен со невреме однесе голем дел од покривите на куќите во смолското село Катраница.
„Беше страшно. Траеше околу 30 минути. Најпрво беше однесен целиот покрив кој падна врз соседната куќа. Ниту една куќа не беше поштедена“, објасни заменик градоначалникот на општината, Радко Шукеров.
Ветерот ги откорнал или оштетил дрвените прозорци на куќите.
„Со напори на екипите на противпожарната служба и населението ја санираме штетата, но струја се уште нема“, додаде Шукеров.