Силјановска-Давкова: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, Стефан, и до сите верници од православна вероисповед.

„Култот на Богородица е сведоштво за нашиот непоколеблив дух и вера во неа, како и за важноста на мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности. Пресвета Дева Марија, како заштитничка на мајките и децата, има посебно место во нашите храмови и домови, а пред сè, во нашите срца.“

„Не е случајно што посетителите на бројните цркви и манастири посветени на Дева Марија не се само христијани, туку и припадници на други религии. Оваа година и ние ќе го поминеме празникот Успение на Пресвета Богородица заедно со нашите најблиски“, се вели во честитката на претседателот.

Во честитката, претседателката изразува очекување дека ќе ја надминеме духовната и моралната криза и ќе се вратиме кон вистинските човечки вредности.