Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давковка во својот говор во ОН рече дека Македонија ги исполнила своите меѓународни обврски, но додаде дека членството во ЕУ не се оствари.
Претседателката понатаму нагласи дека Македонија очекува разбирање од соседите без закана со вето, бидејќи, како што додаде, „каде што има вето, нема правда“.
„Новото име е формално правна реалност и мојата земја, Република Северна Македонија, како членка на ОН и НАТО, ги исполнува своите меѓународни обврски, но членството во ЕУ не се материјализира и македонските граѓани се предмет на уште една уставна промена. но не за членство, туку за почеток на преговори и тоа по втор пат. Како земја посветена на добрососедството, очекуваме разбирање од нашите соседи без закана со вето, бидејќи таму каде што има вето нема правда“.
„Тоа ги демотивира македонските граѓани и ги забавува реформите, го дестабилизира регионот и остава простор за влијание од други, поголеми земји. Проширувањето мора да биде поврзано со критериумите од Копенхаген. Треба да се поддржуваме, наместо да блокираме. Пред нас е голем предизвик, доколку правото остане во право. Нема едноставни и безболни решенија“, рече претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давковка.