Работата не е завршена сè додека земјите од ЕУ нудат посредништво, оценува претседателката Гордана Силјановска Давкова, прашана за изјавата на претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Коста. Иако рече дека нема простор за понатамошни дискусии, Силјановска рече дека постојат можности за дијалог, откривајќи дека има понуди од Австрија и Обединетото Кралство.
„Јас, секако, со помош на Коста, ќе разговарам заедно со Радев. Како што исто така слушате, Австрија понуди да посредува во разговорите. Ниту една земја-членка на ЕУ не нуди да води уште еден разговор и посредување, ако работата е завршена“, рече Гордана Силјановска Давкова.
Таа нагласи дека треба да се понудат гаранции што нема да одат подалеку од сегашната преговарачка рамка, додавајќи дека покрај Радев, разговори би можеле да се водат и со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
Според Силјановска Давкова, ако земјите од ЕУ велат дека ветото е лош пристап во процесот на проширување, Македонија треба да се движи кон укинување на ветото.