Претседателката Гордана Силјановска Давкова прво ќе го анализира Законот за реорганизација на министерствата, а потоа ќе одлучи дали ќе го потпише.
Од кабинетот на претседателот велат дека по анализата претседателот ќе одлучи дали ќе го потпише законот.
„Претседателот го испитува и го анализира законот и во наредните денови ќе донесе одлука за потпишување на Указот и стапување во сила на законот“, се наведува во соопштението од кабинетот.
Инаку, со 88 гласа „за“ синоќа во Собранието на Македонија беа изгласани новите законски измени за реорганизација на министерствата.