Силјановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциско што ќе се одржи во сабота на 26 април во Рим. Ова попладнево го соопштија од кабинетот на претседателот.

Папата Франциск почина од мозочен удар и срцева слабост. Тој се опоравуваше од двојна пневмонија која го хоспитализираше пет недели.

135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата столица да присуствуваат на погребот и општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последната желба на папата беше да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим, наместо во базиликата Свети Петар.

Меѓу другите светски лидери, на погребот ќе присуствуваат и претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп. Францускиот претседател Емануел Макрон исто така потврди дека ќе присуствува. Во Рим се очекува да се појави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Силјановска-Давкова веќе се огласи на социјалните мрежи по смртта на Папата. Таа најави како ќе го памети поглаварот на Римокатоличката црква.

„Како народен папа, на христијанското семејство му го честиташе Христовото воскресение и утрово мирно замина во вечноста. Јас, пак, по незаборавниот четириесет минутен разговор ќе го паметам по неговиот извонреден ум, мудрост, топлина и едноставност“, напиша Силјановска Давкова од нејзината средба со споделување.