Силјановска не присуствуваше на свеченоста на катедралата Нотр Дам, владиниот авион има дефект

По најавите во медиумите дека претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова ќе учествува на свеченото отворање на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, појаснија од претседателството.

Објавуваат дека таа не заминала во Франција.

„Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова го извести Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека не е во можност да патува поради дефект на владиниот авион со кој планирала да патува во Париз“, велат од таму.