Силјановска-Токајев: Има интерес за економска соработка меѓу Македонија и Казахстан

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (COP29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Јомарт Токајев.

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и беа разменети мислења за актуелната геополитичка состојба, како и за регионалната улога на двете земји.

Како мост меѓу Азија и Европа, претседателот го поздрави придонесот на Казахстан и неговото важно влијание во глобалната рамка, притоа изразувајќи подготвеност за продолжување на соработката и конструктивноста во рамките на меѓународните организации, особено во Обединетите нации и ОБСЕ.

На средбата на двајцата претседатели се разговараше за можноста за соработка во сферата на културата, науката и образованието, за што претседателката Силјановска Давкова истакна дека подобрувањето на законската рамка, интензивирањето на политичкиот дијалог, зачестените средби, размената има потреба од посети и лични контакти.