Френки стана вирална на TikTok кога откри дека наместо да мине низ менопауза, забременила на 47 години.
Френки стана вирална на TikTok кога откри дека неочекувано забременила на 48-годишна возраст. Иако многу луѓе и честитаа, некои следбеници тврдат дека не е фер децата да имаат „стари“ родители. Мајката оттогаш снима видеа во кои се шегува на сметка на реакцијата на нејзиниот сопруг кон нивното пошироко семејство.
Бременост на 47 годишна возраст
Френки неодамна објави видео на кое го гали трудничкиот стомак , а со видеото напиша: „Јас сум дете од 1977 година со моето бебе од 2025 година!“
@itsfranky_ Vintage 😂 #surprisebaby #pregnant #genxmum #eldermillenialmom #over45andpregnant #geriatricpregnancy ♬ This actually blew up oml – Emma Geyer
Луѓето во коментарите имаа различни реакции. Некои останаа шокирани, а некои и честитаа во коментарите.
– Блескаш! Секоја чест и среќа – и напиша една личност.
– Децата се дар од Бога, благословена си – и рекла друга жена.
“О, Боже! Секогаш мислам на мали деца со стари родители”, напишал друг корисник.
Ја контактирале и луѓе чии родители ги добиле во средни години.
Бременост наместо менопауза
Френки им кажа на своите следбеници дека е смешно како испаднал нејзиниот живот.
– Последен пат се породив на 35 години, а на 46 решив да бидам фит и здрава, кога – бум! Забременив неколку дена по мојот 47-ми роденден – рекла таа. Таа призна дека мислела дека нејзините симптоми на бременост се почеток на менопауза.
@itsfranky_ 😁 #surprisepregnancy #naturalconception #47andpregnant #pregnancyover40 #geriatricpregnancy #23weekspregnant ♬ original sound – kardashianicon
– Немав симптоми на менопауза и менструациите се уште ми беа редовни. Јас всушност мислев дека тоа е почеток на менопауза кога го пропуштив циклусот, но не. Ова е ненадејна бременост, имам седум деца – изјави Френки.
Нејзиното најстаро дете има 29, а најмалото 11 години , пишува The Sun.