Симптомите на настинка не се секогаш безопасни! Болката во увото може да биде знак за сериозна болест – обрнете внимание!

Болката во увото или грлото обично укажува на обична настинка, но може да биде и симптом на рак на јазикот.

Болката во увото и грлото и отежнато голтање може да бидат симптоми на посериозна болест, а не само настинка.  Ракот на јазикот често има симптоми кои се поврзани со помалку сериозни состојби, но има одредени здравствени компликации на кои треба да обрнете повеќе внимание.

Причини за рак на јазикот

Ракот на јазикот спаѓа во групата на карциноми на главата и вратот, а најчести причини за појава на болеста се пушењето, консумирањето алкохол и инфекцијата со хуманиот папилома вирус или ХПВ. Најчестиот тип на рак на јазикот е сквамозен карцином. Болеста може да се развие на кој било дел од јазикот, но ракот што се појавува во предните две третини од јазикот е  орален карцином . Основата на јазикот е задната третина, па ракот кој се развива во тој дел се нарекува орофарингеален.

Симптоми на рак на јазикот

Некои од најкарактеристичните знаци на рак се црвена или бела дамка и грутка на јазикот што не исчезнува, долготрајно болно грло , отежнато голтање, болка во едното уво, чувство на печење на јазикот и грутка на вратот . Сепак, треба да се нагласи дека симптомите може да укажуваат на настинка или рани во усната шуплина.

 

Ако постои сомневање за рак на јазикот, лекарот ќе земе мала количина јазично ткиво. Понекогаш се прави назална ендоскопија со која се испитуваат јазикот, грлото и гркланот.

Најчестиот метод на лекување е хируршко отстранување на погодената област на јазикот. По процедурата, потребна е посебна грижа поради потешкотиите со јадењето храна, а особено е потребно да се врати нормалниот говор. Понекогаш е потребно зрачење за да се спречи враќањето на болеста.