Кардиоваскуларните болести (КВБ) се водечка причина за смрт во светот, одземајќи приближно 17,9 милиони животи секоја година, според Светската здравствена организација (СЗО). Ова ги вклучува сите состојби кои влијаат на срцето и циркулаторниот систем, како што се коронарна срцева болест, мозочен удар и срцева слабост.
Доколку не се откријат и лекуваат навреме, кардиоваскуларните заболувања можат да бидат фатални. Затоа е толку важно да се забележат предупредувачките знаци. Некои добро познати знаци на проблеми со срцето вклучуваат болка во градите и отежнато дишење.
Меѓутоа, новото истражување спроведено од научниците Роман Тихомиров, Роберт Х. Окли, Кали Андерсон и колегите откри уште еден симптом кој најчесто се јавува наутро.
Истражувачите откриле дека срцевите аритмии се чести веднаш по будењето. Аритмијата е абнормален срцев ритам, што обично значи дека нашето срце чука премногу брзо, премногу бавно или неправилно.
Тоа може да предизвика:
- палпитации (чувство на удар во градите)
- вртоглавица
- несвестица
- губење на здивот
- непријатност во градите
- замор
Аритмиите може да бидат предизвикани од опасна основна состојба, како што се коронарна срцева болест, срцева слабост, кардиомиопатија или дури и срцев удар. Меѓутоа, овие симптоми може да се поврзат и со нешто помалку сериозно, како што е вирусно заболување, употреба на алкохол, кофеин или дрога, пренесува Index.hr.
Алармантна статистика
Србија е една од земјите со многу висок ризик од кардиоваскуларни болести, а повеќе од 50.000 луѓе во Србија годишно умираат од срцеви заболувања.